Се бараат инспектори што ќе казнуваат за неимплементирање двојазичност

Инспекторатот за употреба на јазиците не е екипиран и се уште не функционира во целост. Иако со Законот за негово формирање, се предвидуваше веќе од 15 јануари инспекторите да започнат да пишуваат казни, досега на терен немаат излезено.

– Овие денови распишавме оглас за вработување шест лица. Еден инспектор веќе ги завршува обуките, едната деветмесечна и уште една тримесечна, а уште тројца наскоро ќе започнат со овој тип обука, изјави за Слободен печат директорот на Инспекторатот, Фатмир Исени.

Прашан за став околу примената на Законот за јазици во правосудството и зошто одредбите за јазикот не се најдоа во нацрт текстот за Законот за парнична постапка, тој вели дека не може да одговори, бидејќи не е законодавец, но сепак додаде ќе се вршат инспекции во секоја институција, која согласно Законот за јазици треба да обезбеди двојазичност.

Согласно Законот, глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице ако не постапи согласно одредбите, а одговорното лице ќе заработи казна од 100 до 200 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот