Се бараат донации на Фејсбук, а возниот парк на Заеви чини колку 10 амбулантни возила, бесни од опозицијата

Фото: Архива на „Слободен печат“

Костадинов е лицемерен, срамно е што возниот парк на Заеви е колку 10 амбулантни возила.Директорот на струмичката болница го потврди хаосот и криминалот на семејството Заеви и Филипче во здравството. Додека СДСМ и Филипче ги трошат парите од здравството на сопствен луксуз, скапи автомобили и хациенди, струмичката болница нема пари за ново амбулатно возило и бараа донации замислете на Фејсбук, регираат од опозицијата.

Недостигаат болнички возила во Струмица, директорот Наке Гогов моли за помош

-И додека болницата во Струмица нема амбулантно возило, Заев кој самиот е оттаму го има во својата приватна колекција најлуксузниот автомобил во Македонија – Мајбах кој чини 400.000 евра. Додека болниците молат за помош семејството Заеви има 2 супер – луксузни автомобили Бентли, кое е речиси 200.000 евра. Заев редовно се вози со 10 БМВ мотори, кои се купени на име на една од неговите фирми, а само еден мотор чини 35.000 евра. Здравството е во очајна состојба. Болницата во Струмица бара донации за возило. Нема ковид тестови, нема вакцини. Државата е во тотален хаос. Костадин Костадинов е лицемерен, бидејќи кога ВМРО-ДПМНЕ бараше три амбулантни возила за Струмица владата одговори дека нема потреба. А сега ќе се чека 2 месеци за ново возило- велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Костадинов објави дека обезбедиле возило за струмичката болница, ќе пристигне во декември!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот