Се бара законско решение и радиостаниците да се ослободат од плаќање на додаток

 Се бара законско решение и радијата да бидат ослободени од плаќање на додаток, како што за време на пандемијата беа ослободени приватните телевизии. Премиерот Зоран Заев денеска на пуштањето на експресниот пат Штип-Радовиш најави дека за да биде правично треба да бидат опфатени и радиостаниците, локалните и регионалните медиуми.

-Мухамед Зекири е одговорен како Генерален секретар којшто со правните служби го бара правното решение. Парите во Буџетот постојат за оваа работа. Верувам дека правните служби ќе го изнајдат решението затоа што некојпат волјата е јасна и докажана, но правните регулативи мора да се најдат за да секако исполнувајќи едно очекување на овие медиуми и исполнување на позитивната одлука од страна на Владата мора да биде правно заштитена и начините правно формално регулирани, вели Заев.

Тој  се надева дека во текот на  јули ќе го најдат решението,  за да може да се реализираат  средствата,  коишто им се драгоцена помош на медиумите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот