Се бара враќање на рестриктивните мерки: Трет бран на ковид-19 во Иран

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Територијата на иранската провинција Техеран е означена како жариште на третиот бран на ковид-19, изјави шефот на иранскиот Кризен штаб, Алиреза Зали, повикувајќи ги властите повторно да ги воведат рестриктивните мерки.

– Од министерот за здравство побаравме повторно воведување на ограничувањата поради борбата со вирусот. Ова особено се однесува на работата од дома, рече Зали, пренесе агенцијата Тасс, и додаде дека периодот меѓу вториот и третиот бран било многу кратко.

Во Иран од петокот се регистрираат околу 3.000 заболени на дневно ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот