СЕ бара владите да ги почитуваат човековите права, демократијата и владеењето на правото

Совет на Европа / Фото Архива

Оваа алатка е дизајнирана да им помогне на земјите-членки да гарантираат дека мерките што ги преземаат за време на тековната криза ќе  останат пропорционални со заканата од ширење на вирусот и дека тие се ограничени на време.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, објави „алатки” за сите европски влади за почитување на човековите права и демократија и владеење на правото за време на кризата  со КОВИД-19. Овој информативен документ вчера беше испратен до сите 47 земји-членки на Советот на Европа, јави дописникот на МИА.

-Вирусот уништува животи и многу други работи што се многу драги за нас. Да не дозволиме да ги уништи нашите основни вредности и да ги поткопа нашите слободни општества, рече генералниот секретар.

„Нашите земји-членки се соочуваат со голем социјален, политички и правен предизвик: како да реагираат ефективно на оваа криза, гарантирајќи дека мерките што ги преземаат не ја поткопуваат нашата вистинска долгорочна цел, имено да ги зачуваат основните вредности на Европа на демократијата, владеењето на правото и човековите права”, додаде таа.

Оваа алатка е дизајнирана да им помогне на земјите-членки да гарантираат дека мерките што ги преземаат за време на тековната криза ќе  останат пропорционални со заканата од ширење на вирусот и дека тие се ограничени на време.

Документот опфаќа четири главни области:

– Дерогација од Европската конвенција за човекови права во случај на вонредна состојба

-Почитување на принципите на владеење на правото и демократските принципи во случај на вонредна состојба, особено преку ограничување на обемот и времетраењето на итните мерки

-Основни стандарди за човекови права, вклучително и оние што се однесуваат на слободата на изразување, приватноста и заштитата на податоците, заштитата на ранливите групи од дискриминација и правото на образование

-Заштита од криминал и заштита на жртви на криминал, особено во однос на родово насилство.

Информативниот документ, исто така, се повикува и на новото мислење објавено од Комитетот на земјите членки во Конвенцијата за лекарства Советот на Европа за фалсификувањето на медицински производи и слични кривични дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот