Се трага по двајца осомничени за убиство во Јабуковац-Едниот е познат за мачење на жртвите

Се бара С.М. (38), чиј салаш е најблизок до салаш на убиените, но и за М.С., кој порано и ја ставил раката на жртвата во лонец со врела вода, пренесува српски Телеграф.

После четирикратото убиство во Јабуковац, полицијата трага по две лица и ја пребарува околината за да ги најде. За сега се само сомнежи и наговестувања дека баш тие двајца се вмешани во убиство.

Се бараат С.М. (38), чиј салаш е најблизок до салаш на убиените и М.С. од Брза Паланка. Како што дознава Телеграф, се збори за лице, кое од претходно е познато на полицијата, а е осудувано за уцена, кражба, киднапирање. Тој ја мачел жртвата, така што и ја ставил целата рака во лонец полн со врела вода и кожата од раката и отпаднала. Тој бил на воено поле и имал силна криминална група. Локалните жители го виделе пред неколку дена во селото.

Синоќешната истрага не дала никакви резултати, неофицијално дознава Телеграф од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот