Се бара нова локација за изградба на регионална депонија- можна опција е Битола – Слободен печат
ВестиМакедонија

Се бара нова локација за изградба на регионална депонија- можна опција е Битола

Рокот кој Унеско го даде на општините од регионот за изградба на регионална депонија и селекција на отпадот е 2021 година.

Откако целосно пропадна планот регионална депонија да се гради во Општина Дебрца поточно во селото Годивје, Mинистерството за животна средина како идеална ја разгледува Битола.

Министерството претходно се откажа од планот депонијата да се гради во Дебарца поради незапазување на постапките при носење на планот, но и поради револтот кај жителите кои неколкупати досега излегоа на масовни протести бидејќи се против тоа во речен слив да има депонија која ќе го собира сметот од неколку општини.

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески вели дека битката е добиена но регионална депонија мора да се изгради бидејќи тоа е еден од главните услови на Унеско.

Рокот кој Унеско го даде на општините од регионот за изградба на регионална депонија и селекција на отпадот е 2021 година. Од Mинистерството за животна средина уверуваат дека ќе се запази тој рок и дека до 2021 година ќе се затвори депонијата на Буково, но и целосно ќе биде решен проблемот со управувањето со цврст отпад во Југозападниот регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close