Се бара „авторот“ кој сликаше гола пациентка во ковид болницата во Белград, девојката е згрозена од срамната злоупотреба на ранливиот момент

Откако на социјалните мрежи и во српските медиуми почна да кружи фотографија од девојка како се соблекува во ковид болницата во Арената во Белград, како и дискусија дали е неетички потег и груб сензационализам користењето на така ранлив момент, лекарски преглед за да се шират вулгарни содржини на интернет, со својата приказна излезе и девојката од фотографијата.

Таа за српски „Курир“ ја раскажа својата приказна и изрази загрозување од злоупототребата на прегледот кој требало да и ја одреди нејзината натамошна терапија, со оглед дека била позитивна на ковид-19 и имала тешка пневмонија.

-Ми рекоа да се соблечам за да ми направат ЕКГ. Дали требаше да се вртам наоколу за да гледам дали има камери или телефони? Имав висока температура, секоја коска ме болеше и имав воспаление на белите дробиви, изјавила девојката, додавајќи дека човековите права и практично нејзиниот живот се загрозени со овој срамен чин и побара одговорност.

-Некој ќе мора да одговора за ова. Не знам чиј пропуст е ова, луѓе од обезбедувањето на Арена или несовесни пациенти, но некој мора да одговара за тоа што ми е сторено. Виновникот мора да биде откриен за утре на мета на вакви болни умови да не се најде друга девојка, друг пациент, рече девојката и нагласи дека во нејзиното семејство сите се заразени од ковид-19 и се наоѓаат во тешка состојба што за неа е приоритет.

-Се грижам за татко ми, тој се бори за својот живот во Земунската болница. Се грижам и за мајка ми, која исто така е заразена. И сега треба да гледам како моите фотографии кружат на социјалните мрежи. Срамота е колку далеку сме стигнале како луѓе и што прават поединци, нагласи девојката чиј идентитет, разбирливо е заштитен.

Таа нагласи дека откако ќе „легне“ ситуацијата ќе бара одговорност од надлежните во ковид болницата Арена во Белград.

Од таму, директорот ја исклучи можноста, фотографијата да ја направил некој од персоналот во болницата или пак да е извадена од нивните безбедносни камери:

-Имаме надзорни камери и надвор и внатре, но практично е невозможно да се направи фотографија од тие камери. Ова е направено со телефон, тоа е единственото нешто што го знам во моментот, вели директорот Горан Грбовиќ додавајќи дека е сигурен дека никој од здравствените работници и војниците не го сторил тоа, бидејќи, како што тврди, тешко е да се дише под заштитен костум, а не па да се занимава со такви работи.

-Тие луѓе се оптоварени со својата работа, давајќи терапија, во Арена има повеќе од 400 пациенти“, рече Грбовиќ и додаде дека е познат профилот на „Инстаграм“ од кој се шири фотографијата и изрази уверување дека покренатата истрага од српското МВР и Армијата, ќе даде резултат и ќе се најде сторителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот