Се активира „црвено-црниот“ вулкан: Уште 200 билети за мечот со Кјелце!

РК Вардар 1961, двократен европски шампион/Фото: РК Вардар

Мора да се признае, малку зачудувачки, во Скопје гостуваат Карачиќ, Душебаев и дружината, а сеуште има слободни билети во продажба, односно изгледа нема да бидат пуштени дополнителен број на билети.

До овој момент, на два дена пред натпреварот (сабота, 9. ноември, 17.30 часот  – СЦ „Јане Сандански“), во слободна продажба има уште 200-тина билети (без блокот на Комитите), пренесува „Вардар фанс“.

По тој повод, се повикуваат сите навивачи да купат билет и да дојдат во сабота да навиваме за македонскиот и европскиот на кој му е потребна голема поддршка.

– Билети можете да набавите и онлајн ТУКА.

Претходно тренерот Едуард Кокшаров и пивотот Стојанче Стоилов ги искажаа своите амбиции за претстојниот важен дуел против Полјаците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот