СДСМ: Зошто Мицкоски не ги бранеше државните интереси во ЕПП и дозволи Резолуција со ставовите на Бугарија?

СДСМ партиска зграда/ Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија. Таков е делот од усвоената резолуција во којшто се наведува дека Северна Македонија не ги почнала преговорите со ЕУ затоа што „не беа постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија“, се вели во соопштение од владејачкиот Социјалдемократски сојуз, испратено попладнево до медиумите.

Еве го во целост соопштението од СДСМ:

„Оваа формулација е директна поткрепа на ставовите на Бугарија. Што правел Христијан Мицкоски додека се зборувало за овој дел од Резолуцијата?
Зошто Мицкоски не ги бранел државните ставови на нашата земја на Конгресот на ЕПП на којшто и самиот присуствувал?

Ова е потопување на државните и национални интереси и тоа директно од Христијан Мицкоски. Очекуваме лажниот патриот Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните да ги објасни овие негови позиции“, пишува во соопштението.

Видео на денот