СДСМ: „Зелената нафта“ се враќа кај земјоделците

Со отворање на јавниот повик за набавка на гориво за земјоделска механизација започна реазлицијата на мерката за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделска механизација пополарно наречена „зелена нафта“, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„Со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади кои ќе имаат можност да набавуваат 30 отсто поевтина нафта за својата механизација. На овој начин кај земјоделците се враќаат околу 200 милиони денари или над 3 милони евра, средства што Министерството за земјоделство шумарство и водостпанство ги обезбеди преку Програмата за директни плаќања за 2019 година.

Со „зелената нафта“ ќе се намалат трошоците на земјоделците и ќе се зголеми конкуретноста на земјоделското производство, а субвенционирана нафта ќе можат да набавуваат и најмалите земјоделци. Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок стандард за земјоделците, зголемено и поквалитетно производство и развој и унапредување на земјоделството“, велат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот