СДСМ: Заштитен е Уставот, интересите на граѓаните и европската перспектива на државата

„Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата“, велат од СДСМ.

Од СДСМ ја поздравија одлуката на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија за разрешување на сега веќе поранешната техничка министерка за труд и социјална политика од ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

„Со ова зашитетен е Уставот, европската перспектива на државата, интересите на граѓаните, правата на стечајците и другите ранливи групи. Одговорност мора да понесат сите што го кршат Уставот“, соопштуваат од СДСМ.

Од владеачката партија констатираат дека членството во НАТО и ЕУ, иднината на земјата, не смее да биде заложник на извршители кои сакаат да го спречат напредокот и да ја загрозат сигурноста, односите со соседите, членството во НАТО и ЕУ.

– Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата – велат од СДСМ.

Техничката Влада има мандат да обезбеди фер и демократски избори и фокусот на сите треба да биде во оваа насока.
Нема враќање назад, продолжуваме напред, потенцираат од владеачката партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот