СДСМ: Заради непречено функционирање на Собранието потребно е пратеници кои се во изолација да работат од далечина

Институциите и во време на сериозните предизвици поради глобалната пандемија со коронавирусот, мора непречено да функционираат со целосен капацитет, во интерес на граѓаните. СДСМ како одговорна партија и како владејачко мнозинство во Собранието се залага за парламент кој ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности, влеат од владејачката партија.

СДСМ заради непречено функционирање на законодавниот дом во време на светска пандемија, вели дека е потребна промена на Деловникот за работа на Собранието, со цел воведување работа од далечина само на пратеници кои имаат решение за изолација.

-Ваквиот комбиниран модел значи дека само оние пратеници кои се заболени или кои се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, пристуствата на седниците на Собранието и на работните тела да можат да ги извршуваат онлајн. Во вакви тешки моменти и за нас и за светот, не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, без донесен Буџет за 2021 години или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите- велат од СДСМ.

Додека пак, опозицијата се противи на тоа, велејќи дека не е етички пратениците да не одат во Собрание, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал да се на своето работно место.

-Ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество , а не присуство.., како што прецизно е утврдено и со Деловникот. Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето- напиша Милошоски вчера на својот фејсбук профил.

Милошоски: Не е етички пратениците да не одат во Собрание, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал да се на своето работно место

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот