СДСМ за унапредувањето на Чавкова: Чулев не може да се одвои од режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ

Техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев, повторно се става над законот, во обид за партизација на институциите и враќање на режимот. Чулев, без распишан интерен оглас во министерството за внатрешни работи, ја унапредил сопругата на Митко Чавков на  повисока позиција за три скалила погоре во МВР, реагираат од владејачката партија СДСМ.

-Ова е спротивно на систематизацијата и правилата за напредување во МВР, што сведочи за уште еден обид на Чулев, МВР да го претвори во ВМРО-МВРО. Чулев не може да се одвои од режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ и го интересира само како да го заштити својот шеф Христијан Мицкоски и како да им помогне на своите партиски другари. Времето на режимот заврши, времето кога МВР се раководеше од Белиот дворец заврши, а на Мицкоски и на Чулев треба да им е јасно дека секој во државата ќе одговара за неодговорно и незаконско постапување- стори во реакцијата.

оттаму наведуваат дека граѓаните знаат дека Наќе Чулев со своето неодговорно однесување во време на коронакризата, кога реши да не ги казнува лицата што ги прекршуваат мерките за заштита и рестрикциите на движење, е еден од највиновите за растот на бројот на инфицираните лица и тоа нема да му го простат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот