СДСМ за изнесените ставови на Мицкоски: Дрско лаже дека биле ветени четири викенди без ДДВ

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Мицкоски е бранител на криминалот, шири лажни вести и се противи на мерките за помош на граѓаните и компаниите, неговото место во опозиција е загарантирано По којзнае кој пат Христијан Мицкоски покажа дека не може да се помири со тоа што парите од Буџетот завршуваат кај граѓаните, реагираат од владејачката партија СДСМ.

-Не само што е против четвртиот пакет мерки, не само што е против тоа да се спасуваат стотици илјади работни места, против да се зајакне куповната моќ на невработените и пензионерите, Мицкоски јавно најави дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието повторно ќе се обиде да блокира мерки што се во интерес на граѓаните. Мицкоски вечерва јавно најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокираат „Викендот без ДДВ” со кој околу 17 милиони евра ќе завршат кај граѓаните, дека ќе ги блокираат платежните картички за пензионерите со ниски пензии. Деновиве, Мицкоски дрско лаже дека биле ветени четири викенди без ДДВ, што во реалноста никогаш не се случило- велат од СДСМ.

Ништо не се менува кај губитникот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, потенцираат оттаму, кои силно се противеа и против покачување на пензиите, против поголема минимална плата, против мерката Мој ДДВ.

-Во опозициската партија се уште е силно присутна режимско-криминалната матрица. Затоа Мицкоски очајно и со сите сили и ден денес ги брани криминалците во редовите на својата партија кои се правосилно осудени. Таквото неодговорно, незрело и антидржавно дејствување на Мицкоски му гарантира сигурно место во опозиција уште долги години, граѓаните на три изборни циклуси по ред јасно порачаа дека не поддржуваат нечесни, деструктивни личности како Мицкоски кои работат против интересите на граѓаните и државата- велат оттаму.

Мицкоски: Владата вели дека помогнала со една милијарда евра, но тоа е лага, помошта е многу помала

Мицкоски: Бараме четири викенди без ДДВ, покачување на пензиите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот