Белкиса Зеќири

СДСМ: За хаосот на Онкологија, бараме оставки од директорите на Клиниката, Клековски и Таравари

„Човечки животи се загрозени поради катастрофалниот недостиг од биолошка терапија на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Пациенти од целата земја, чии животи директно зависат од оваа терапија, веќе седум дена се оставени без неопходниот лек“, рече денеска на прес-конференција Белкиса Зеќири, членка на извршниот одбор на СДСМ.

„СДСМ бара одговорност од директорите на Клинијата за онкологија, од директорот на Фондот за здравство и од министерот Таравари за оваа хуманитарна катастрофа којашто е директен резултат на неодговорноста и неорганизираноста на актуелната власт. Мора да има одговорност за ова што се случува на Онкологија. Неспособноста на власта е животно загрозувачка. Неприфатливи се било какви изговори или оправдувања од власта за некакви административни процедури, зголемен број пациенти, непланирано вклучување, промени во набавките, недоволен буџет. Целата одговрност е во оние кои управатуваат и менаџираат со Клиниката и со здравството. Нема изговори кога се работи за човечки животи“, рече Зеќири.

„Факт е дека не си ја завршиле работата за којашто се платени. Не бил преземен содветен план за навремена набавка на лековите, не бил направен систем, не бил направен регистар и животите на онколошките пациенти се доведени во опасност. Ова што се случува едноставно не нормално. Не може Владата да купива авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации. Ги повикуваме директорите на Клиниката, директорот на Фондот за здравствено осигувње, Сашко Клековски и министерот Тараври да си поднесат оставки и со тоа да покажат одговорност.Во меѓувреме власта да се отаже од расипничките политики, да преземе системски мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти, издржан план за набавки, регистар, итно зголемување на здравствениот кадар и подобрување на условите на Клиниката. Животите на граѓаните не смеат да бидат предмет на неодговорност и игнорантност“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот