СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години го погазува АСНОМ и НОБ

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

ВМРО-ДПМНЕ има најмалку право да се повикува на Народно ослободителната борба и да зборува за партизаните и народните херои. Со децении ВМРО-ДПМНЕ погазуваше врз НОБ и АСНОМ, велат од владејачката партија СДСМ.

-Токму оваа партија идеологијата ја градеше со понижување на НОБ, на борците, партизаните, менување на нивното значење, бришење и менување на имиња на улици, булевари и установи кои беа именувани по македонски партизани, партија која за време на режимот, ги исфрли на улица живите борци и ги остави без простории, партија која создаде Музеј на жртвите на комунизмот. ВМРО-ДПМНЕ може да застане само во првите редови во одбраната на криминалот и изолацијата. Затоа секое споменување на светите имиња на македонските партизани од ДПМНЕ е нивно валкање. Протестот и хистеријата што се шири е со единствена цел Мицкоски да ја спаси фотелјата во белиот дворец е уште еден обид да се закочи земјата, да се стави уште една сопка– велат од СДСМ.

Секогаш, потенцираат оттаму, во сите клучни моменти за европската иднина, Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, да ја кочи државата, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста.

-Нашата државност почива на делата на антифашизмот, а нашата слобода е резултат на антифашизмот. Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија. АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет. А фашизмот, нема етничка боја! Мицкоски нема чувство за тоа што е државен или национален интерес затоа што се води исклучиво од партискиот интерес. Затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција- велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот