СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири хистерија на штета на државата и на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ, предводено од неодговорниот Мицкоски, работи против сопствената држава, масовно шири невистини, пласира лажни вести, поттикнува конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

– Наместо да се крие зад партиски соопштенија, да организира таканаречени протести преку кои си ја спасува фотелјата, Мицкоски да излезе и да каже со кого соработува во Бугарија и за какви цели шири лажни информации Македонија се распарчува. Хистеријата што ја шири Мицкоски е на штета на сопствената држава и на сопствениот народ во еден период што е многу важен за македонската иднина, кога се работи за членство во ЕУ, наведуваат од владеачката партија.

Граѓаните, според СДСМ, одамна го препознаа лажниот патриотизам на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги пратија во опозиција поради антидржавно и антиевропско дејствување.

– Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ напред кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет, додаваат од социјалдемократскиот табор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот