СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од ветинг и бара начин да не се спроведе за да може да ги закопа предметите на СЈО

ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува дека се плаши од ветинг на судиите и обвинителите, и изнесува лажни обвиненија на сметка на правосудниот систем во земјата, реагираат од владејачката СДСМ.

„Од секој збор на ВМРО-ДПМНЕ на површина излегува стравот дека не успеаја да ги закопаат предметите на СЈО, туку тие и понатаму се во процедура.

Изгледа Мицкоски, кој, како што лажно тврди дека, докторирал во Германија или магистрирал во Италија, не ја разбрал темата за правосудството и продолжува со лагите кои стануваат заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да шири лаги ВМРО-ДПНМЕ треба да одговори дали е вистина дека сега кога СДСМ најавува ветинг, Мицкоски во паника бара од преставник на меѓународната заедница во земјата, да не дозволи ветинг на судиите и обвинителите?

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го газеше поравниот поредок и го уништуваше судството преку партизација, со помош на Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена, Вангеловски, Панчевски, Зврлевски… монтираше случаи и пресуди, со кои се пресметуваше со неистомислениците и ги штитеше криминалите на фамилијата.

СДСМ е за правна држава во која законите важат за сите“, се наведува во партиското соопштение од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот