СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за тајкуните од режимот

сдсм лого
Лого СДСМ
„Нема да успеат обидите на Мицкоски и тајкуните на ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат правната држава, сите отворени случаи мора да се разрешат а виновниците да одговараат. Единствената агенда на ВМРО-ДПМНЕ беше и останува одбрана на криминалот на режимот, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата притоа нагласуваат:

„ВМРО-ДПМНЕ одработува за тајкуните од режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ а вистинските криминалци да ги спасат и да ги претстават како жртви.

Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Орце, Кичеец, но и други за кои се водат истраги, исто како и лицата кои ги објавуваат материјалите.
Објавените снимки потврдуваат дека премиерот Заев нема никаква вмешаност, сосема спротивно, токму тој го пријави, повикува до крај да се расчисти случајот, се бори за правда преку градење на независни и функционални институции кои вистински се борат со криминалот и корупцијата.
Нема да успеат обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите што се водат против криминалите на режимот и нивните тајкуни.
Секој, од прв до последен поврзан со овој случај мора да одговара, вклучително и тајкуните на режимот.
Сите предмети, од „Империја” и „Талир” преку „Тврдина“ „ТНТ“, „Топлик“ „Тарифа“ „Трезор“, па се до „Титаник” и “Тревник” мора да бидат расветлени до крај и сите за кои ќе се утврди вина да одговараат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот