СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат никого да уценуваат, избори ќе има во 2024 година

СДСМ партиска зграда/ Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

СДСМ преку соопштение возврати на денеска изнесената понуда од ВМРО поврзана со уставните измени и предвремените избори, која од владејачката партија ја нарекуваат уцена.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да уценуваат никого. Сите нивни обиди за дестабилизација на државата, сите нивни лаги за наводна асимилација и бугаризација пропаднаа, тие веќе немаат никаков кредибилитет пред граѓаните. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се конфузни, наутро бараат референдум, а попладне предвремени избори. Мицкоски веќе не знае што да направи за да ја спаси фотелјата во белиот дворец откако грбот му го свртеа коалициски партнери и други опозициски партии. Избори ќе има во редовниот термин во 2024 година. Дотогаш ВМРО-ДПМНЕ има време да се преиспита и да го смени своето деструктивно, антидржавно однесување на штета на интересите на граѓаните и државата“, велат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот