-2 C
Скопје

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски уште долго ќе бидат опозиција!

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема чувство за државни и национални интереси, секогаш, во секоја ситуација ги стават партиските интереси пред интересите на граѓаните, реагираат од СДСМ.

Од партијата тврдат дека од почетокот на пандемијата опозициската ВМРО ДПМНЕ пласира лажна загриженост, деструктивност, поткопување на здравствениот систем, ширење страв и паника кај граѓаните, барање оставки.

„Да се грижеше опозицијата за здравјето на граѓаните немаше да кочи заем за опремување на болниците, немаше да ги поттикнува граѓаните на непочитување на мерките за заштита, немаше да шири невистини дека нема доволно тестови и заштитна опрема за вирусот, кој според нив некогаш е смешен, а некогаш опасен, немаше да организира протести на масовно се кршат мерките за заштита. Барањето оставки и со соопштенија и со протести, само ја нагласува пустата желба на ДПМНЕ за гола власт, иако пред само четири месеци, граѓаните на демократски и безбедни избори ги оставија во опозиција”, се вели во писменото соопштение од партијата.

Прочитајте и...  МВР: Секој граѓанин жртва на „Јавна соба" да пријави во полиција

Оттаму додаваат дека ја имаат поддршката од граѓаните, затоа што со сите сили се борат со невидливиот непријател.

„По 30 години тапкање во место и назадување, со своите храбри и мудри политики ја придвиживме државата напред во полноправно членство на НАТО, пред вратите на ЕУ, со гарантиран идентитет и јазик,  работиме на подобрување на животниот стандард на сите граѓани. ДПМНЕ остана во мрачното минато на груевизмот, остана деструктивна партија која нема став за ниедно прашање, која не може и не сака да ѝ помогне на државата и наместо тоа одмага на секој можен начин.Затоа ДПМНЕ на чело со губитникот Мицкоски уште долго ќе остане е во опозиција“, додаваат оттаму.

Поврзани вести

ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Заев најави изборен српски јазик во училиштата, Ковачев посакува бугарски со иронична честитка

Слободен печат

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Со години боледуваше од Кронова болест, почина пејачот Игор Пармаковски

Слободен печат

Лајчак: Размената на територии меѓу Србија и Косово би била „многу опасна”

Слободен печат

Остави Коментар