СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост, а организира протести и ги крши мерките за заштита

СДСМ / фото: Архива на Слободен Печат

Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемијата со коронавирусот е апсурдно и ирационално, едно зборуваат друго прават. Во име на лажна загриженост за здравјето на граѓаните не учествуваат на локалните избори во Штип, а истовремено организираат протести, на кои не се почитуваат мерките за заштита на здравјето во време на пандемија на коронавирусот, велат од власта.

-ВМРО-ДПМНЕ бараа парламентарните избори да се одржат есенва, велејќи нема да има нов бран, а сега бегаат од изборите за градоначалник на Штип. Не може да се најде оправдување за нивните постапки против заштитата на јавното здравје и поткопувањето на напорите на здравствениот систем за борба со коронавирусот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку неодговорно однесување во Собранието го кочеше носењето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, со што се одолговлекуваше воведувањето дополнителни мерки за заштита на јавното здравје- велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ го кочеше заемот за опремување на ковид-центри. Наместо една модуларна болница кај Инфективната клиника, од СДСМ велат дека, сега ќе имавме 16 опремени модуларни болници, ако не го блокираа заемот од Светска Банка преку нивната заменик дополнителна министерка за финансии.

-Сега ќе бевме спремни, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти. На граѓаните им е кристално јасно дека Владата предводена од СДСМ посветено се грижи за јавното здравје, додека ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата прави опструкции и настојува да ги девалвира напорите за справување со пандемијата- велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот