СДСМ: Владата обедбедува вакцини, а ВМРО ДПМНЕ обезбедува само деструкција и лажни вести

Фото: СДСМ

Преку три механизми, Владата предводена од СДСМ обезбедува вакцини против Ковид 19 за 60 отсто од населението, а ВМРО-ДПМНЕ обезбедува само деструкција и лажни вести, реагира СДСМ на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ што денеска ги изнесе портпаролот Наум Стоилковски.

„Повеќе од три години трае деструктивното, неодговорно однесување на Христијан Мицкоски кое е на штета на граѓаните и опасно по јавното здравје. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поим од ништо освен да шират лажни вести, да работат против интересите на граѓаните, на државата. Безмалку една година ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски го поткопува здравствениот систем, го погазува трудот на здравствените работници, а во последните недели шири лаги и невистини со кои се обидува да внесе вознемиреност во јавноста. Фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ се толку големи што заради гол популизам го ставаат на коцка здравјето на граѓаните во оваа коронакриза. Граѓаните да бидат спокојни, да не подлегнуваат на лажните тези на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ, преку три механизми, ќе обезбеди вакцини против корона вирусот за вакцинирање на 60 проценти од населението. ВМРО-ДПМНЕ, како и досега ќе обезбеди само шарени лаги и деструкции“, соопшти СДСМ.

Стоилковски денеска обвини дека во целиот регион почнала вакцинацијата на населението против коронавирусот, а само Македонија извисила и сѐ уште нема вакцини и за тоа ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот