СДСМ: Уште во првите денови градоначалниците на Мицкоски го покажаа режимското лице

СДСМ
СДСМ / Фото: МИА

Уште во првите денови градоначалниците на Христијан Мицкоски го покажаа режимското лице, во ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваат друго прават, реагираат од СДСМ откако лидерот на опозициската партија на прес-конференција најави промени во однесувањето и владеењето од страна на новоизбраните градоначалници.

– Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице. Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини. Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел. Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политикантство во Штип, Кисела Вода, Аеродром. Значи едно зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ а сосема друго прават, обвинуваат од СДСМ.

Од партијата велат и дека факт е оти за разлика од пред четири години кога општините биле заглавени во долгови, денес тие се во одлична финансиска состојба.

Мицкоски: Најдоцна до 14.30 часот утре ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата

Видео на денот