СДСМ: Уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев

Без понуда, без програма на помалку од 100 дена пред избори, ВМРО-ДПМНЕ целосно потона во матрицата на лажни вести, измислици и конструирани случаи, велат од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ за прес-конференцијата на генералниот секретар на опозицијата Игор Јанушев.

„Таква беше и денешната прес-конференција на нивниот генерален секретар Игор Јанушев. Од помпезно најавуваниот скандал со Законот за опојни дроги, останаа само лаги, измислици и „рекла-казала” разговори. Уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев“, велат од СДСМ.

Додаваат дека е очигледна е безидејноста во белиот дворец што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно мора да измислува и конструира непостоечки случаи.

„Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку измислици да добијат сите политички поне. Ништо не го менува фактот дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот“, констатираат од владеачката партија.

– Затоа се во опозиција. Затоа ги загубија последните локални и претседателски избори и затоа ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори. На 12 април граѓаните ќе ги поразат политиките на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе! – завршуваат СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот