СДСМ: Токму поради лагите ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго остануваат таму

Во очај и фрустрација, ВМРО-ДПМНЕ урива рекорди по број на изнесени лаги на прес-конференција, затоа уште долго ќе биде опозиција. ВМРО-ДПМНЕ до толку е навлезена во матрицата на лажни вести, што нивната денешна прес-конференција е рекордна по бројот на изнесени лаги, реагираат од владејачката партија СДСМ на денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Прво, лага е дека Маринела Тушева била претседател на управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, вистината е дека таа била член на Управниот одбор една година, во периодот 2017-2018 година и тоа како претставник на Министерството за образование каде и била вработена. Посочената Јулијана Саздова не е дел од проектот, a посочениот Нако Ташков не е вујко на Тушева, како што лажно тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ- стои во реакцијата од СДСМ.

Прочитајте и...  СДСМ: Предлог-буџетот предвидува вложување во здравството, капиталните инвестиции и работните места

Во однос на лагите од белиот дворец околу проектот, потенцираат оттаму, вистината е дека проектот е одобрен, дека за тоа се информирани Наставничкиот совет и Училишниот одбор. Не се завршени сите процедури околу проектот, не е потпишан договор за негова реализација и затоа се уште и не се префрлени средства од Националната агенција.

-Проектот кој во партнерство со организација од Кипар им овозможува на ученици од средното училиште од Штип пракса во хотели на Кипар е одобрен пред дваесеттина денови, така што целосно отпаѓа конструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно влијание на Тушева. Во недостиг на идеи, во недостиг од поддршка од граѓаните и во голем очај од поразот на изборите, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го прави она што единствено го знае – да шири лажни вести и да конструира непостоечки случаи со крајна цел на лична дисквалификација на политички противници. Токму заради таквото незрело и деструктивно дејствување, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски три пати по ред губат на избори. Токму поради таквото однесување тие се во опозиција и уште долго остануваат таму- е наведено во реакцијата од СДСМ.

„Пирамидата во Еразмус“ – Злоупотреба тешка 2,2 милиони евра преку наместени јавни набавки (ВИДЕО)

Поврзани вести

Нови 608 смртни случаи од ковид-19 во Велика Британија, најмногу од мај

Слободен печат

Македонија испратила документи до Софија, се чека одговор

Слободен печат

Анкета: Една четвртина од Италијанците веруваат во теории на заговор за Ковид-19

И.И.

Шпанија ќе ја подели вакцинацијата на 18 групи на луѓе: Прво ќе ја добијат најстарите, а еве кога останатите

Слободен печат

Австрија планира да почне со вакцинирање против Ковид-19 во јануари 2021

И.И.

Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата

Слободен печат

Остави Коментар