СДСМ: Структури на Наќе Отсјај во МВР се обидуваат да попречат хуманитарна акција

Скандалозно е тоа што структури на Наќе Отсјај во полицијата се обидуваат да попречат хуманитарна акција. За време на оваа криза наместо да помогнат ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски на било кој начин гледаат како им одмагаат на граѓаните. Тие не знаат да донираат, да помагаат, да дадат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаат само да грабаат од граѓаните, реагира СДСМ на упадот на полицијата во магацинот со помош за справување со коронавирусот од семејството Заеви.

  • Граѓаните уште еднаш може да се потсетат на режимското МВРО-ВМРО. Скандалозното однесување на полицијата во Струмица покажува дека Наќе Отсјај ја злоупотребува полицијата во политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се истите манири кои 11 години ги практикуваше режимот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Законите мора да важат за сите и за оваа злоупотреба одговороност мора да има. Очекуваме МВР и сите надлжени институции да отворат истрага за овој скандал и да соопштат на јавноста кој ќе понесе одговорност. Хуманоста и помагањето на граѓаните немаат никаква врска со политика, тоа се морални и човечки вредности. Ниту една злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја спречи хуманоста. ВМРО-ДПМНЕ со нивните полициски структури нема да ја спречат македонската солидарност – реагира СДСМ.

Полицијата го блокира доставувањето на хуманитарна помош од семејството Заеви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот