СДСМ: Ставовите на Заев се ставови на партијата, граѓаните избраа иднина, а Црвенковски е историја

epa01740499 The former leader of the biggest oposition Social Democrtic Union of Macedonia (SDSM) party Zoran Zaev (R) welcomes the former Macedonian President Branko Crvenkovski (L) at the IXth Congres of Social Democrtic Union of Macedonia in Skopje,The Former Yugoslav Republic of Macedonia, 24 May 2009. Crvenkovski was elected as the new oposition leader. EPA/GEORGI LICOVSKI

Вицепремиерот Љупчо Николовски на Фејсбук го сподели партиското соопштение на СДСМ дека ставовите на премиерот Зоран Заев се и ставови на партијата.

Црвенковски го замрзна своето членство во СДСМ

„Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ.
Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори.

Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи.

Заев: Со Бугарија треба да си простиме и да подадеме рака!

Знаат граѓаните што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата.

Знаат граѓаните кој носи одлуки без разлика на политичката кариера, исклучиво водејќи се од интересот на целиот наш народ и татковината.

ВИДЕО | Заев: Сакам да му помогнам на мојот македонски народ

Моќта на СДСМ произлегува од секој член на СДСМ и од високата свест за одговорност и државништво на секој член на СДСМ.

СДСМ и македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, многу одамна, а Црвенковски е историја.“, напишаа од СДСМ.

Каракачанов: Му честитам на Заев, направи чекор во вистинската насока

Филипче: Заев носеше тешки, но исправни одлуки, мора да продолжиме по патот кон ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот