СДСМ: Создаваме ново парламентарно мнозинство и нова Влада

Зоран Заев, лидер на СДСМ / Јули 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Граѓаните преку својата избирачка волја тоа го побараа и тоа ќе го испорачаме во следниот четиригодишен мандат. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата, тврдат од СДСМ.

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

На 15 јули граѓаните покажаа дека национализмот е поразен, велат од партијата и додаваат декаво тек е процес на создавање нова Влада ослободен од каков било вид на национализам, Влада која уште повеќе ќе работи на унапредување на концептот едно општество за сите.
„Новата Влада предводена од СДСМ ќе движи силно напред по патот на интеграција во ЕУ со целосно почитување на Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија и Рамковниот договор.
Граѓаните преку својата избирачка волја тоа го побараа и тоа ќе го испорачаме во следниот четиригодишен мандат. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата“ тврдат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот