СДСМ: Со политизација на трагедијата, Мицкоски покажа елементарно непознавање на Уставот и законите

img alt
Пожарникари и цивили вадат жртва на пожарот што избувна во тетовската модуларна ковид болница / Тетово, 8 септември 2021 / EPA-EFE/STRINGER

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да профитираат на сметка на трагедијата во време на национална тага и целосна мобилизација на институционален потенцијал за расветлување на случајот, велат од СДСМ.

– Недозволивата политизација на трагедијата го покажа непознавањето на Уставот и законите од страна на Мицкоски.

Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување одлучува Собранието на наредната седница.

Ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го покажува очајот во кој е западнат Христијан Мицкоски.

Заврши времето кога истраги и записници од постапки се диктираа по телефон, се измислуваа сведоци и се злоупотребуваа институциите.

Владата предводена од СДСМ постапува по Устав, по Закон. Истрагата ја водат надлежни органи и една таква темелна и независна истрага ќе ги даде сите одговори.

ВМРО-ДПМНЕ нема право да се повикува на морал, ниту пак да ја оцрнува работата на Венко Филипче, која ја саботираше во секоја можна прилика.

Тоа е партијата која во Собрание ја блокира изградбата на нов Клинички центар, која ја саботира борбата против ковид-19, ги поткопува мерките за заштита на здравјето, поддржува антиваксерски протести.

Ова се дел од причините поради кои раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да се воздржи од користење на зборови како етика и одговорност и треба да научи што е право, Устав и најважно да го почитуваат, стои во нивното соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата за несреќата во Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот