СДСМ: Со една изборна единица Скопје ќе добие многу мандати – Слободен печат
ВестиМакедонија

СДСМ: Со една изборна единица Скопје ќе добие многу мандати

Сепак од партијата велат дека една изборна единица останува програмска определба.

СДСМ кој пред три години во преговорите за измени на Изборниот законок предлагаше измена на изборниот модел и воведување една изборна единица и отворени листи сега вели дека треба добро да се провери што оваа промена ќе донесе откако вчера група од 12 пратеници во Собранието поднесе инцијатива за промена на изборниот модел во која се бара целата држава да биде една изборна единица.

-Прво да ја видиме иницијативата детално и длабински да ја разгледаме, па потоа ќе ја коментираме. Наша програмска определба е една изборна единица и отворени листи, но мора да се разговара со меѓународни експерти и со сите партии во Собранието – вели .Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Од партијата неофицијално велат дека можеби подобро во моментов е фокусот да се стави на преференцијалните листи, кои се тип на отворени мисли со преференцијал на првите кандидати. Од владеачката партија велат и дека со една изборна единица се јавува проблем во Скопје бидејќи ќе добие многу мандати. За сметка на Скопје помалите општини кои сега имаат свои преставници во Собранието може да не добијат мандати.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close