-6 C
Скопје

СДСМ: Со блокирање на новите мерки, ВМРО-ДПМНЕ директно го загрозува здравјето на граѓаните

Кога бројот на заразени континуирано расте, а болниците се полнат, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со денови го одлага и блокира донесувањето на мерките важни за справување со пандемијата, со што директно го загрозува здравјето на граѓаните, обвинуваат од СДСМ во сопштение до јавноста.

„Нивните обиди за деструкција и блокирање на законските измени и деградирање на Комисијата за заразни болести се смислен и тенденциозен обид на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за добивање на дневно политички поени, со што повторно докажуваат дека последно за што се грижат е здравјето на граѓаните. Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и нема време за одложување и чекање, потреба е брза реакција, конструктивност и соработка“, се вели во партиското соопштение.

Прочитајте и...  Филипче: Состојбата по болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми

Од СДСМ испратија и апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита, бидејќи велат тоа е наефикасен начин за борба со ковид-19.

„На сила се и новите мерки усвоени од Владата предводена од СДСМ за зауздување на ширењето на коронавирусот, со кои работното време на угостителските објекти е ограничено до 23 часот, освен за испорака, преполовен е дозволениот бројот на патници во јавниот превоз, а државната и јавната администрација, општините и судовите да работат во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации. За ублажување на растот на бројот на инфицирани и намалување на притисокот врз здравствениот систем, на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата усвои дополнителни мерки за заштита, кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на семејните собири, за кои Собранието треба да прифати измени во Законот за заштита на населението од заразни болести“, се вели во партиското соопштение.

Прочитајте и...  ФОТО: Наскоро ќе блесне новогодишната елка на плоштад

Поврзани вести

Иако доцна, сепак МЗ ја објави статистиката: Регистрирани 336 нови случаи, починаа 32 лица

Слободен печат

Изостана денешната ковид- статистика

Слободен печат

ВИДЕО | Трамп: Не се борам за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласаа за мене

Слободен печат

Опозицијата ја бара дневната статистика на заболени од ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО: Отворено едно од најголемите лизгалишта во Европа

Слободен печат

Уште еден град во Србија прогласи вонредна состојба

Слободен печат

Остави Коментар