СДСМ: Со 27,6 милиони евра ја стимулираме приватната потрошувачка преку платежни картички од 6.000 денари

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, усвоен од паралментарното мнозинство се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет мерки вреден 470 милиони евра, велат од владејачката партија.

-За спас на 83.000 работни места и субвенционирање на вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември во висина од 14.500 до 21.776 денари, се наменети 70 милиони евра. Со 27,6 милиони евра ја стимулираме приватната потрошувачка преку платежни картички од 6.000 денари за 283.000 наши сограѓани. Во рамките на четвриот пакет антикризни мерки се обезбедени сериозни средства за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, занаетчиите и вршителите на самостојна дејност, во вид на грантови, бескаматни кредити, одложување на кредитните обврски, намалување на давачките- се вели во соопштението на СДСМ.

Дополнителни 243 милиони денари, потенцираат оттаму, се наменети за справување со здравствените последици од коронавирусот, кои ќе бидат распределени за набавка на лекови, вакцини и тестови за ковид 19.

-Од овие 243 милиони денари, 54 милиони денари се за награда на сите здравствени работници вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот, во сите ковид центри низ државата. Истовремено, со ребалансот се обезбедуваат и средства за финансирање 19 капитални проекти на локално ниво во десетици општини низ државата. СДСМ како одговорна партија, во време на сериозна здравствена и економска криза, застанува на страната на секој еден граѓанин и на секоја една компанија, погодени со последиците на пандемијата- стои во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот