СДСМ: Секој, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност во борбата против коронавирусот

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во период на есенски бран од коронавирусот потребна е максимална одговорност и посветеност на секој поединец во спречување на ширењето на заразата, нагласуваат од СДСМ.

„Согласно новите мерки, работното време на сите угостителски објекти е ограничено до 23 часот, освен на тие што вршат испорака, а воведено е и ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50%.

Владата предводена од СДСМ ја прифати и препораката на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите да работа во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации.

Владата предводена од СДСМ ги усвои и мерките со кои се предвидува носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот, како и ограничување на семејните собири. Овие мерки се проследени до Собранието кое треба да ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Но во време кога се соочуваме со нов бран на коронавирусот, кога и кај нас,но и во регионот и во европските земји бројот на заразени секојдневно расте, ВМРО-ДПМНЕ повторно прави се за да ги одолговлекува мерките важни за справување со пандемијата.

Нивните обиди за деструкција и блокирање на законските измени е смислен и тенденциозен обид за дневно политички поени, со што директно се загрозува јавното здравје. Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, повторно докажуваат дека последно за што се грижат е здравјето на граѓаните.

Нема време за одложување. Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и потребно е брзо делување,  конструктивност и соработка.

Здравјето на граѓаните е пред се. Законските измени мора да бидат донесени, мерките и задолженијата мора да бидат почитувани од сите. Само на тој начин ќе го заштитиме јавното здравје и побрзо ќе ја надминеме заканата од коронавирусот“, велат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести потфрли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот