СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентката што не беше примена на Инфективна и на КАРИЛ – бараме истрага и одговорност

Арбен Таравари во хирургија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Откако утрово СДСМ алармираше дека има проблем со приемот на Ковид пациенти на кои што име потребен респиратор на интезивна нега во Инфекстивната клиника, веќе попладнево, за жал, имаме смртен случај, велат од СДСМ.

Пациентка која од утрово била во лоша состојба прво не била примена на интензивна нега во Инфективната Клиника, а не била примена ниту на Карил по што починала. Ова е скандал за кој мора да има одговорност. Итно мора да излезат директорите на Карил и Инфективна клиника и да одговорат зошто не е примена пациентката. Каде е министерот Таравари цел ден да интервенира откако уште рано информираше СДСМ за проблемот? Бараме истрага и одговорност за смртта на пациентката. СДСМ има точен увид во целиот случај и ќе го изнесе во јавноста доколку министерството и ДСЗИ се обидат да го забошотат. Исто така, бараме министерството веднаш да го реши проблемот со прием на пациенти на интензивна нега во Инфективната клиника. Ова е прв случај, но може многу лесно да имаме нови жртви, се вели во соопштението од СДСМ.

Инфективна Клиника во хаос: Пациентка со леукемија и ковид која има потреба од респиратор, не може да се хоспитализира – интензивната се реновира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот