Кулминира нервозата во ВМРО-ДПМНЕ откако јавноста дозна дека Мицкоски одработува за странски структури и интереси, велат од власта.
-Самопрогласениот хистеричен Мицкоски е опасност за државата и граѓаните. Постојано кочи и блокира, ја кочи борбата со коронавирусот, ја блокира работата на Собранието, го кочеше напредокот кон НАТО, борбата против криминалот и корупцијата. Сè што е назадно и уништувачки е белег на Мицкоски- велат оттаму.
Колку и да е хистеричен Мицкоски, потенцираат оттаму, не може да ги блокира реформите и европскиот пат на земјата.