СДСМ: Ребалансот на Буџетот дава зголемена поддршка за граѓаните и компаниите погодени од корона-кризата

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Со ребалансот на Буџетот за 2020 што е во собраниска процедура, Владата предводена од СДСМ обезбедува 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет мерки за справување со економските последици од коронакризата, реагираат од владејачката партија СДСМ на денешното соопштение од опозицијата кои обвинуваат дека новите мерки на владата не дадоа ефект и дека повеќе од 40 илјади луѓе се без работа.

-Преку овој пакет мерки, 70 милиони евра ќе се искористат за спас на 83.000 работни места, односно ќе се субвенционираат вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември, а  поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста и ќе се движи од 14.500 до 21.776 денари месечно. Со 27,6 милиони евра ќе се помогнат 283.000 граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари. Тоа се речиси 100 милиони евра кои ќе завршат кај над 360.000 наши сограѓани. Покрај ова уште дваесеттина мерки содржани во четвртиот пакет, обезбедуваат силна поддршка за компаниите, обезбедуваат поволни кредити, грантови, но и даночни олеснувања за помош на секторите кои се најмногу погодени- велат од СДСМ.

Од почетокот на кризата, велат од СДСМ, владата, надлежните институции покажуваат вистинска грижа за граѓаните и деловните субјекти кои се најмногу погодени. Тоа продолжува и со овој ребаланс, со овој пакет економски мерки.

-Во период кога целиот свет се соочува со економска криза, важна е навремената и ефикасна помош во справување со последиците. Со ребалансот на буџетот се обезбедува континуирана поддршка за домашната, македонска економија.  Заради потребата од брза, ефикасна помош на граѓаните и стопанството, сите пратеници треба да покажат одговорност и гласаат за измените и дополнувањата на Буџетот за 2020- стои во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ не дадоа ефект, над 40.000 граѓани останаа без работа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот