СДСМ: Рeализацијата на СДИ тековно и во време на пандемија, потврда за позитивната бизнис клима

Инвеститорите ја препознаваат позитивната стабилна клима за вложување во нашата економија и отворениот и инклузивен пристап на Владата предводена од СДСМ за креирање услови за побрз развој и одржливост на стопанството. Процесот на реализација на директните странски инвестиции во земјата се одвива тековно и во време на пандемијата со коронавирусот, соопшти СДСМ.

Според нив за тоа зборува вториот инвестициски проект  на компанијата „ВИК (WIK) Македонија” во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп, кој доби државна поддршка.

– Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица. Ова е потврда за позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата предводена од СДСМ, препознавање на предностите од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ. Со членството во НАТО, со процесот на отворање на преговори за членство во ЕУ, Република Северна Македонија станува атрактивна дестинација за сериозни странски вложувања и наскоро се очекува реализација на уште неколку големи инвестиции, смета СДСМ.
Според нивното соопштение Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои создаваат позитивна, стабилна и предвидлива бизнис клима и градење на нова, развојна македонска економија, стимулирање нови инвестиции и на домашните и на странските компании за да се отворат нови подобро платени работни места за граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот