СДСМ: Протестите на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спасат од одговорност криминалците од нивните редови

Вечерва јавноста виде уште едно фијаско од очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски, велат од владејачката партија СДСМ.

-Таканаречените протести наменети единствено за спас на двоецот Груевски – Мицкоски на кормилото на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спасат од одговорност криминалците во редовите на опозициската партија. Времето на селективна правда одамна помина, сега е време на одговорност за сите кои го прекршиле законот, вклучително и на оние од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и соработниците на Груевски- стои во соопштението на СДСМ.

Колкаво е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кон правдата, велат оттаму, доволно зборува што денешните протести ги предводеше и се обрати лице осудено за насилство и кое билo дел од судски процеси.

Нема поголемо лицемерие кон граѓаните, велат од СДСМ, од тоа за правда да зборува осудено лице. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се таму каде што се и затоа уште долго ќе останат таму.

Галерија+Видео: Скопје закочено од протестот на ВМРО-ДПМНЕ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот