СДСМ: Просечната плата во август зголемена за 9,6 отсто

СДСМ фото архива на Слободен печат

Во екот на најголемата светска здравствена и економска криза, од која не е поштедена ниту нашата земја, ефикасните и навремени антикирзни мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат раст на платите, информираат од владејачката партија.

„Просечната месечна нето плата по вработен во август годинава, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика изнесувала 27.535 денари. Платата во август, и во услови на најголемата криза во светот, по втората светска војна, е зголемена за 9,6 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Од јуни 2017 година, кога СДСМ застана на чело на Владата, просечната плата во државата порасна за 4.727 денари. СДСМ преку бројни мерки и политики, во изминатиот период покажа што значи вистинска грижа за граѓаните, за економијата, за државата.

Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните и на стопанството“, се вели во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот