СДСМ: Продолжуваме со барање решенија најбрзо и демократски да се реализираат изборите

Нашите напори се Северна Македонија итно да излезе од оваа институционална криза, а тоа значи избори час поскоро, за да добиеме целосно функционални Собрание и Влада, информираат од владејачката СДСМ по најавите дека е можен договор за датум за парламентарните избори со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Продолжуваме со барање решенија ова да се реализира на најбрз можен и целосно демократски начин, потенцираат од СДСМ.

Официјални информации за разгворите помеѓу двете партии нема. Само се знае дека има комуникација меѓу нив и дека се очекува до крајот на денот или утре да има некаков исход.

Во меѓувреме, роковите за парламентарни избори на 5 јули течат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот