СДСМ: Продолжува помошта кон работниците и компаниите

СДСМ
СДСМ / Фото: МИА

Започнува реализацијата на мерките од петтиот пакет за справување со последиците од коронакризата, откако по двомесечна блокада од страна на опозицијата Собранието ги донесе измените и дополнувањата на законите.

Овие денови почнува исплатата на финансиската поддршка за исплата на плати за февруари и март, која опфаќа 60.000 работни места, а обезбедена е и поддршка за самостојните вршители на дејност и за регистрираните занаетчии.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стави крај на уцените од парламентарната опозиција, обезбеди кворум и повторно го порази деструктивното, ненародно дејствување на опозицијата.

Пропаднаа сите нивни обиди народот да остане без помошта што е обезбедена од Владата, пропаднаа нивните обиди Собранието да биде нефункционално и закочено.

Меѓутоа, опозицијата продолжува со своите блокади и деструктивно однесување и ја откажа седницата на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која требаше да се разгледува уште еден закон од интерес на работниците.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ покажа колку се грижи за работниците, за компаниите и за економијата.

Разликата е очигледна, додека парламентарното мнозинство во секакви околности и на секаков начин работи за граѓаните, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на секој начин работи против интересите на граѓаните, на државата, на економијата.

Затоа шест пати се казнети на сите избори во последните четири години, затоа ќе бидат поразени и на следните избори и уште долго ќе останат во опозиција, стои во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот