СДСМ: Предлог-буџетот предвидува вложување во здравството, капиталните инвестиции и работните места

Предлог-Буџетот за 2021 година, подготвен од Владата предводена од СДСМ, е структуиран да одговори и на здравствените и на економските предизвици од коронакризата, но истовремено нуди можности за рестарт на македонската економија, велат до власта.

-Клучни сегменти во Предлог-Буџетот, кој од денеска е во собраниска процедура, се инвестициите во јавното здравство, спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции.
За здравството, во Буџетот за 2021 се проектирани 40,8 милијарди денари, со што на дело ја потврдуваме заложбата за сериозни инвестиции во јавното здравство кое со месеци се бори против коронавирусот. Поддршката за стопанството и работните места продолжува и во 2021 година. Преку неколку програми од Буџетот за 2021 година обезбедуваме поддршка во вкупна вредност од 7,1 милијарда денари или 115,5 милиони евра. Од овие средства 1,9 милијарди денари ќе се наменат за поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување на други невработени лица, но и обуки за невработените- велат преку соопштение од СДСМ.

Реализација на Буџетот, велат оттаму, е насочена кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, и затоа повикуваме тој да биде донесен од страна на сите пратеници, низ отворена и конструктивна дебата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот