СДСМ: Пратеникот Стевананџија да поднесе оставка

Пратеникот Стевананџија кој се заканува со бесилки на граѓани, да поднесе оставка затоа што не е достоен за функцијата што ја извршува, повикаа од СДСМ.

„Како што им станува јасно на ВМРО-ДПМНЕ дека не можат да ги одбранат криминалците, така се повеќе расте нервозата во белиот дворец.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на социјалната мрежа Твитер во комуникација со граѓаните, отворено се заканува со бесилки и шири говор на омраза што е недозволиво за човек што треба да ги претставува граѓаните во Собранието.

Стеванаџија бесрамно и скандалозно шири говор на омраза и заплашува граѓани со бесилка, само затоа што некои од имаат различни ставови од него.

Таквото однесување на Димитар Стевананџија покажува дека не достоен да ја извршува функцијата пратеник и затоа тој мора веднаш да си поднесе оставка.

Повикуваме, за овој случај да се произнесе и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а пратеничките групи, особено на ВМРО-ДПМНЕ да го осудат ваквото однесување на нивниот пратеник Стевананџија.

СДСМ осудува каков било вид на закани, уцени и притисоци заради јавно искажан став. Тоа е недозволиво во држава што неговува демократски вредности, а особено загрижувачки е што таквите закани доаѓаат од страна на членови на највисокиот законодавен дом.

Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во деструктивната матрица на закани, уцени и пресметки со неистомислениците“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот