СДСМ: Пописот е клучна статистичка операција со која ќе се добијат релевантни податоци

СДСМ / фото: Архива на Слободен Печат

Република Северна Македонија не е држава на проценти како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку држава на еднакви, рамноправни граѓани.

Пописот на населението, што ќе се одржи напролет е клучна статистичка операција, со која, по речиси две децении во државата, ќе се приберат релевантни податоци за планирање натамошен социо-економски развој.

Јавноста е сведок дека како и секогаш кога се случуваат клучни работи во државата ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на оваа земја, а сега тоа го потврдува со обидите да го политизира пописот, за своите партиски агенди.

Најавите за собирање потписи против пописот покажуваат неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, бидејќи само со потписи не се става законот надвор од сила, туку треба нов закон. А нов предлог закон може да поднесе секој пратеник во собранието, вклучувајќи ги и тие од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна со повиците за бојкотирање на пописот, опозицијата ги поттикнува граѓаните на прекршување на законите.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот шеф Груевски не сакаат ова земја да успее, а колку се способни да организираат попис, покажаа во 2011 година со неуспешниот обид за попис.

Нивните деструктивни политики уште еднаш ќе бидат поразени.

Оваа пролет по цели 19 години Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди и по критериумите на Евростат, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните и на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот