СДСМ: Полицијата ефикасно се бори со криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа

СДСМ партиска зграда / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што полицијата ефикасно и неселективно се бори против секаков вид криминал, соопшти попладнево владејачкиот Социјалдемократски сојуз.

Еве го во целост соопштението од СДСМ:

„Официјални податоци ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

За само два месеца запленети околу 1.2 тона психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност од околу 200 милиони евра.

За само два месеца запленети над 2 тона марихуана со вредност од околу 4,5 милиони евра а постојано се приведуваат крадци, разбојници, дилери, криминалци барани со потерници.

Се постапува и се апсат лица за корупција како што беше вчерашниот случај со инспекторката во Инспекторатот за земјоделие во Прилеп.

Граѓаните се чувствуваат безбедни и тоа го покажуваат сите анкети каде расте довербата во полицијата, а Северна Македонија е најбезбедна земја во регионот, покажуваат релевантни меѓународни истражувања

Ваквата силна борба против криминалот очигледно ѝ пречи само на ВМРО-ДПМНЕ, партијата-заштитник на криминалците“, велат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот