СДСМ: Поддржуваме гласање со отпечаток на прст, но измените на Изборниот законик се носат со консензус

Фото: СДСМ

СДСМ реагира на обвинувањата од генераланиот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

„ВМРО-ДПМНЕ уште од сега си бара алиби за поразот што го очекува на локалните избори, закажани за октомври. Игор Јанушев, од партијата која во изминатите четири години спечали порази на сите избори, која шест пати беше казнета од граѓаните, со ширење невистини, си бара покритие за следниот дебакл. СДСМ поддржува гласање со отпечаток на прст и не е против како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, но секогаш кога станува збор за измени на Изборниот законик тие се носат со консензус и сите политички чинители треба да се согласат за измени во Изборниот Законик, соопштуваат од СДСМ.

Според владејачката партија изборните измами 11 години биле „специјалност на ВМРО-ДПМНЕ, а сите избори што СДСМ ги организирал во изминатите четири години од меѓународните организации се оценети како фер и демократски“.

Јанушев: Заев не набавува фингерпринт терминали, сака да прави изборен фалсификат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот