27.8 C
Скопје

СДСМ освежен до зазеленување!

Што донесе  26. Конгрес на СДСМ – „младост и свежина“ или „слепи“ послушници на кои партискиот лидер Зоран Заев може безусловно да им верува? Оваа дилема остана да се разрешува во јавноста по дигиталниот конгрес на СДСМ, одржан во неделата, на кој партијата смени две третини од членството на Централниот одбор, а избра и нови потпретседатели, заменик претседателка и ги „поднови“ другите партиски тела.

Од 120 членови на новиот ЦО, 60 се жени и 60 мажи. Според Заев млади се вкупно 45 члена или 37,5 проценти што е највисок процент во која било партија во државата. Меѓу нив има лекари правници, економисти, социoлози кои не биле дел од партиските структури.

Местото на Радмила Шекеринска сега го зазема директорктата на УЈП Сања Лукаревска. Нови потпретседатели на СДСМ се министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тие доаѓаат на местата на досегашнте, Коста Петров и Мухамед Зекири. На оваа функција остануваат Мила Царовска и Оливер Спасовски.

Универзитетскиот професор Никола Дујовски конгресот на СДСМ го оценува како успешно организиран, во време на пандемија, со присуство на многу делегати. 

– Мислам дека изборот на заменикот претседател и потпретседателите е соодветен за времето и условите во кои функционира СДСМ. Се дава различна слика по однос на етничкот баланс, учество на младите.. Во СДСМ се изедначени можностите на мажите и жените, а гледаме и кај младите е голема застапеноста. Впрочем, целото раководство се млади луѓе, почнувајќи од претседателот Заев, кој сега е најстар. Во однос на политиката внатре, партијата покажа едно сериозно единство, дека пред конгресот веројатно се надминати ралзиките меѓу скопското, кумановското или некое друго крило, а пораките кои се упатија по завршување на конгресот се позитивни – вели Дујовски за „Слободен печат“.

Промените во СДСМ, според Заев, ќе се реализираат преку пет клучни столба, обновување на досегашната кадровската понуда, но без откажување од претходните кадри, целосно ангажирање на капацитетите во борба против корупцијата и криминалот, охрабрување на различно мислење и почитување на туѓи ставови, градење на СДСМ за новото време, поточно млад СДСМ и поттикнување на мотивацијата на граѓаните.

Заев најави и ново четиригодишно поглавје во кое партијата ќе се фокусира на европската иднина, економски развој, успешно справување со пандемијата, масовна имунизација, неселективно владеење на правото и воведување европски стандарди.

Сепак, само ден по конгресот на интернет беше објавена снимка на поранешната заменик претседателка Радмила Шеќеринска, во која таа изнесува критики, но и загриженост затоа што некои проблеми се премолчуваат.

– Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка. А тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми, кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не, но ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да и помогне, само ќе ѝ одмогне на партијата – рече Шекеринска.

На конгресот беше одлучено Љупчо Николовски да остане генерален секретар на партијата. На местото на Душко Весковски, за организациски секретар е поставен Мартин Попов, за секретар за меѓународна соработка е избран Бојан Маричиќ, а за претседавач на ЦО Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово.

Поврзани вести

ВИДЕО | Вознемирувачка ситуација: Мечка влегла во град во Јапонија, четири лица се повредени

Слободен печат

Гебрејесус: Очекувам Гвинеја да прогласи крај на епидемијата на ебола

Катерина Стевовска

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Слободен печат

Приведен дилер од Битола, пронајдени кокаин и марихуана

Слободен печат

Генералното собрание на ОН му изгласа втор мандат на Гутереш

Слободен печат

ВИДЕО | Невреме во Русија: За шест часа паднал дожд како за месец дена – сѐ е под вода

Слободен печат

Остави Коментар