СДСМ: Опасни и штетни за граѓаните се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го блокира Собранието

Фото: СДСМ

Очајните обиди на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на работата на Собранието во услови на сериозна светска пандемија на коронавирус е опасно, штетно, неодговорно и срамно однесување, се вели во соопштението на СДСМ.

– Немањето сопствен став, мерка или политика, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата. Затоа бесрамно се обидуваат да блокираат носење на важни закони меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари, за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и филмски работници, како и мерките за помош на лозарите, истакнуваат социјалдемократите во дописот до медиумите.

Според нив, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застануваат спротивно од интересите на граѓаните,на стопанството, на државата.

– Очигледно дека очајот и нервозата кулминираат во ВМРО-ДПМНЕ откако јавноста дозна за одработувањето на Мицкоски за странски цели и интереси, па затоа поднесуваат илјадници нелогични амандмани преку кои се обидуваат да го блокираат Собранието. Залудни се обидите на Мицкоски. Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на ВМРО-ДПМНЕ може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите, порачуваат од владеачката партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот